Носителот на „Златната топка“ за 2018 година Лука Модриќ реагира емоционално по поразот на Реал Мадрид од Реал Сосиедад со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“ во меч од 18-тото коло на Примера.
– Многу од нас не се на познато ниво. Не можеме на секој натпревар да се однесуваме така. Ние мора да го спречиме тоа на идните дуели. Тоа не е прашање на среќа. Создадовме многу шанси, но топката не влегуваше. Има причини зошто работите не одат добро, рече Хрватот по натпреварот.
Тој потоа го прокоментира и судењето на натпреварот, за коеод клубот најавија дека ќе поднесат официјална жалба.
– Судијата немаше свој ден. Но, нашиот проблем не е судија или ВАР, иако тие ги комплицираат работите. Нашите проблеми се поинакви. Судијата ми рече дека му кажале дека нема пенал. Ми се чини неверојатно дека не ја прегледале ситуацијата, но тоа се случи. Ние треба да се подобриме, не сме во идеалниот момент, додаде халфот за претензиите на тренерот Сантијаго Солар за пенал кој судијата не го досуди за прекршок против Виничиус