Модриќ е првиот добитник на Златната топка во 26 години што не успеа да добие следна номинација

149
ФОТО: EPA / MAHMOUD KHALED

Франс Фудбал ги објави 30 претенденти за освојувач на Златната топка која се доделува за најдобар играч на светот во 2019 година. Минатогодишниот лауреат Лука Модриќ, кој игра за Реал Мадрид, не се најде на списокот.

За прв пат по 26 години, победникот на „Златната топка“ не доби номинација за следната година. Последен пат таков случај беше во 1992 година кога победи Марко ван Бастен, но не беше номиниран во 1993 година.

Трофеј за најдобриот фудбалер на годината се доделува од 1956 годинa, a го освои Англичанецот Стенли Метјус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...