Модриќ: Во целина имаше чудни судиски одлуки

- Бевме непријатно изненадени дека судијата одлучи да користи ВАР - - Бевме непријатно изненадени дека судијата одлучи да користи ВАР

387

Капитенот на Хрватска Лука Модриќ беше движечката сила на тимот на патот кон големото финале на Мундијалот 2018. И покрај поразот од Франција (2:4) во битката за титулата, фудбалерот на Реал Мадрид повторно се претстави неверојатно, а по натпреварот ја доби наградата за најдобар играч на шампионатот.

– Сама по себе оваа награда не може да го подобри моето расположение, бидејќи изгубивме. Се што сакав беше да ја освоиме титулата. Мислам дека немавме среќа. И сите во нашиот тим се на истото мислење. Бевме подобри од Французите, но, за жал, во фудбалот, не секогаш победува подобриот, – Бевме непријатно изненадени дека судијата одлучи да користи ВАР
Тој смета дека вториот примен гол, кој дојде од пенал по преглед на ситуацијата со ВАР системот, бил клучниот момент во натпреварот.

– Бевме непријатно изненадени дека судијата одлучи да користи ВАР. И не само тоа, во целина имаше чудни судиски одлуки. Пред првиот гол на Французите воопшто не им се судеше прекршок. Се вративме во натпреварот и игравме навистина добар фудбал, но судијата досуди пенал за Франција. Таквите ситуации буквално ги убиваат тимовите, се пожали хрватската ѕвезда по мечот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...