Модриќ: Бев сигурен дека ќе погодам, ама….

Тој можеше да биде трагичар на овој дуел, бидејќи промаши пенал на пет минути пред крајот на второто продолжение.

472

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ беше пресреќен по победата над Данска и пласманот во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство. Тој можеше да биде трагичар на овој дуел, бидејќи промаши пенал на пет минути пред крајот на второто продолжение.

– Утрото го гледав Шмајхел како брани пенали. Бев сигурен дека ќе погодам. И тогаш….Шутнав многу лошо, а тој ми го одбрани дарот. Никогаш повеќе нема тоа да го правам. Ми беше многу тешко, но собрав сили да учествувам во пенал-рулетот и за среќа бев успешен. Уште еднаш покажавме дека ние не можеме без драми. Најважно е дека сме во четвртфиналето, изјави Модриќ.

Следен противник на „коцкестите“ ќе биде домаќинот Русија.

– Секогаш е тешко кога играте против домашниот тим. Русите се многу силен противник. Пред нас е шансата на генерацијата и сметам дека можеме да ја искористиме, додава Модриќ.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...