Могила ќе развива рурален туризам со акцент на иселениците и турските гости

Потребно е да се мотивираат иселениците да се вратат во родниот крај и да се искористат врските со Турција за поголема промоција на регионот. Со оглед на фактот дека регионот е најмногу посетен од турски гости, констатираше Гулевска.

79

Детектирање на можностите и потребата од развој на руралниот туризам во општина Могила беше тема на дискусија на работниот состанок на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, г-дин Љупчо Јаневски, инициран од градоначалникот на општината, Јасмина Гулевска.

– Можности и услови за развој на туризмот во општина Могила има, но потребна е стратегија за развој и одржливост на руралниот туризам. Општината има потреба од соработка со повисоки инстанци и институции за правилно и соодветно планирање на активностите, за да може туризмот како доходовна гранка да го заживее регионот. Потребно е да се мотивираат иселениците да се вратат во родниот крај и да се искористат врските со Турција за поголема промоција на регионот. Со оглед на фактот дека регионот е најмногу посетен од турски гости -констатираше Гулевска.

– Потребни се меки мерки, односно обуки на локалното население за отварање на сместувачки капацитети кои ќе понудат автентично сместување, со локална гастрономија и сплотување со локалниот начин на живот. Зошто, токму овие вредности ги бараат новите патувачи и истражувачи. Потребна е валоризација на сите туристички капацитети, содржини и знаменитости. Создавање на приказна која ќе ја промовираме на сите интернационални саеми за туризам и ќе ги привлечеме потенцијалните туристи да ја посетат општина Могила. Бројот од 20-30 илјади ноќевања е реалност, доколку се оворат вратите за туристите и се намали миграцијата во регионот. Историјата, културата, разните манифестации, фолклорот, гастрономијата и други фактори ја позиционираат Македонија високо на листата на посакувани дестинации во регионот и во Европа-потенцираше директорот Јаневски.

И двете институции се согласни дека е потребна стратегија за рурален туризам на национално ниво со сите негови сегменти ( еко, агро и останати форми на туризм). Двете институции ќе организираат трибина во општината, преку која локалното насаление ќе има можност да се запознае со туристичките можности кои ги нуди регионот. И, како туризмот може да го зголеми локалниот економски раст со развој на оваа стопанска гранка. Несомнено за промоција на туристичките знаменитости е потребен дополнителен карактер на содржините, тригер кој ќе го привлече туристот да ја слушне приказната и да ја истражи локацијата.

Могила лежи во Пелагониската рамнина и има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност, бидејќи низ нејзиниот централен дел минува магистралниот патен правец Е – 106 и железничката пруга Битола – Прилеп. Овие карактеристики и овозможуваат лесна достапност и зголемен број на посетители на општина Могила. Исто така, од големиот градски центар Битола, централната населба Могила се наоѓа на оддалеченост од само 10 км. Блискоста со Битола е предност во однос на комплементарноста на дестинациите, надополнување на природните убавини со традицијата и манифестациите во регионот. Во рамките на општината се одржуваат неколку манифестации кои несомнено можат да прераснат во традиција со правилно планирање и промоција.

Во фокусот на соработката на двете институции, општината Могила и Агенцијата за туризам ќе бидат опфатени сите погоре наведени сегменти, кои со нивна реализација ќе допринесат за развој на целокупниот туризам во земјава. Фокусот врз комуницирањето со нови целни групи туристи и промовирањето на руралните форми на туризмот, веруваме дека ќе овозможат и директно поттикнување и раздвижување на локалниот економски развој, отворање нови работни места, како и финансиски ефект во локалната економија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...