Могерини: Преговорите со Северна Македонија и Албанија клучни и за ЕУ

223
ФОТО: EPA / IGOR KOVALENKO

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини синоќа се сретна со премиерите и министри на шесте земји од Западниот Балкан, информираат од нејзината канцеларија.

На вечерата, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, се разговарало за европската перспектива на регионот и за остварениот напредок досега.

– Тие изразија поддршка за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, подвлекувајќи дека оваа одлука е клучна не само за двете засегнати земји, туку за целиот регион и за ЕУ, стои во соопштението на кабинетот на Могерини.

Освен тоа, сите присутни се согласиле дека преговорите помеѓу Србија и Косово треба да продолжат и да се постигне договор за нормализација на односите на двете страни“.

– Сите партнери од Западниот Балкан ја потврдија нивната силна заложба за ЕУ перспективата, истакнувајќи дека реформската работа продолжува како и регионалната соработка и добрососедските односи – велат од кабиентот на Федерика Могерини.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...