Могерини: Лидерите на Западен Балкан да се инспирираат во договорот меѓу Атина и Скопје

54

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини изјави дека за лидерите на Западен Балкан постојат две опции – да си постават високи цели или да не направат ништо.

– Ако сте политички лидер во компликувана земја и компликуван регион можете да изберете високи цели и да постигнете најдобро за својот народ и земја или да одлучите да чекате да дојдат подобри времиња, истакна Могерини.

Таа после состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Република Северна Македонија ги повика сите земји од регионот на Западен Балкан да најдат инспирација во договорот меѓу Атина и Скопје.

– Тие избраа храбра визионерска улога на лидери што донесе историски резултат. Верувам дека тоа треба да биде инспирација за сите, рече Могерини.

На прашање од новинар на Танјуг за консултациите на ЕУ со меѓународната заедница за процесот за повторно придвижување и можна финализација на дијалогот меѓу Белград и Приштина, високата претставничка на ЕУ рече дека меѓународната заедница одблиску ги следи случувањата во регионот.

– Во меѓународната заедница и Советот за безбедност постои целосно признание за работата што ја направивме со Северна Македонија и Грција, како и целосно очекување дека тоа може да биде инспирација за останатиот дел од регионот, порача Могерини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...