По одлуката за зголемување на царините за Србија за 100 отсто, ЕУ итно ја повика Приштина да ги повлече, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Денешната одлука на владата во Косово да ги зголеми царините врз производите од Србија и Босна и Херцеговина за 100 отсто е јасно нарушување на Централноевропскиот договор за слободна тргговија (ЦЕФТА) и на духот на Договорот за стабилизација и асоцијација, пишува во реакцијата на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Според Могерини, ова дополнително ја влошува ситуацијата по првичното воведување на десет отсто зголемување на царини минатата година, повикувајќи ја Владата во Косово „веднаш да ги повлече овие одлуки“