Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и мнистерот за надворешни работи Никола Димотров прошетаа по Старта чаршија.
Граѓаните и дуќанџиите се поздравуваа и фотографираа со Могерини. Дуќанџиите ја канеа високата европска претставничка на чај и баклава.
Могерини прифати подарок брош – пеперутка од еден од златарските дуќанџии и веднаш го закачи на реверот од белиот костум кој го носеше.