Могерини: Двете земји подготвени, довербата во ЕУ ќе се намали ако не почнат преговорите со Скопје и со Тирана

Се надевам земјите од ЕУ да донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите, рече Могерини.

201

Довербата во процесот на проширување на ЕУ ќе настрада ако не почнат веднаш преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, изјави на прес-конференција високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

– Двете земји се подготвени, тие се европски земји, тие не се на надворешната граница на ЕУ. Во наш интерес е Западен Балкан да стане дел од заедницата, истакна Могерини.

Според неа, ЕУ не треба да се откажува од најефикасниот инструмент за постигнување мир. – Се надевам земјите од ЕУ да донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите, рече Могерини.

Предвидено е Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на утрешната седница во Луксембург.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...