Мобилниот телефон на возачот на автобусот на „Дурмо Турс“ денеска е предаден на вештачење во Обвинителството. Се испитуваат листинзите, кога последен пат разговарал по телефонот и дали користел интернет во работното време, велат од обвинителството.
Првичните информации од досегашната истрага се од тахографот вграден во автобусот, дека пред да излета од автопатот возел со брзина меѓу 80 и 85 километри на час. Машински инженери ќе проверат дали уредот за мерење брзина бил исправен пред да се случи несреќата.
Возачот веќе беше на разговор во полицијата, а анализите од крвта и урината покажале дека нема присуство на алкохол и дрога.