МНР: „Macedonia the GReat“ ја подрива довербата

663

Министерство за надворешни работи не било информирано за намерата за изготвување или за промовирањето на маркетиншкиот слоган „Macedonia the GReat“ завчера во Солун. Велат дека со овој чин се подрива меѓусебната доверба.

– Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, велат од МНР.

Sлоганот „Macedonia the Great“, го презентираше лично грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на самитот во Солун, на кој беше поканет и македонскиот премиер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...