МНР: Утре не патувајте во северна Грција, ќе има протести во 14 града

1462

Министерството за надворешни работи на Македонија ги предупреди граѓаните на Република Македонија во врска со најавените протести што ќе се одржат утре во 14 града во Грција.

Се информираат граѓаните на Република Македонија кои утре, 6 јуни 2018 год., ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести во четиринаесет  поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“, што ќе се одржат истиот ден (среда, 6 јуни), со почеток во 19.30 часот.

Поради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност“, се наведува во предупредувањето од МНР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...