МНР испрати и официјална реакција надлежните служби во Унијата заради погрешното именување на нашиот јазик на веб страната на Унијата.
– Би сакале да ве информираме дека Министерството за надворешни работи, преку Постојаната Мисија на Република Македонија во ЕУ, испрати официјална реакција до надлежните служби во Унијата, а во врска со погрешното именување на нашиот јазик на веб страницата на ЕУ. И во претходни вакви или слични случаи, како и сега, Министерството за надворешни работи на Република Македонија редовно упатува реакција со која се бара корекција и именување на јазикот како македонски. Оваа пракса е резултат на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Грција – стои во соопштението од МНР.