Од Министерството за надворешни работи информираат дека ја проверуваат информацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта и оти веднаш ќе ја информираат јавноста откако ќе добијат релевантна информација.
– Во врска со наводната информација објавена на фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана, соопшти МНР.