МНР информира дека до 15 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во македонската Канцеларија за врски во Атина.
– Во моментов немаме официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари.
Препорачуваме државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Воедно, информираме дека контакт телефонот на нашата Канцеларија за врски во Атина е 0030 694 474 3071, велат од МНР.