Министерството за надворешни работи информира дека досега ниту еден македонски државјанин кој живаа во Кина не е заболен соновиот корона вирус.
„Согласно информациите добиени од нашето ДКП во НР Кина, до овој момент во нашето ДКП не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош“, стои во информацијата.
Министерството за надворешни работи исто така информира дека во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани. Нашето ДКП е во постојан контакт со нив.
Граѓаните на Република Северна Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, beijing@mfa.gov.mk.