Мнозинството македонски граѓани имаат позитивен став за Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, покажува анкетата на ИРИ.
Договорот меѓу Македонија и Бугарија го поддржуваат 52 отсто од анкетираните, од кои 24 проценти одговориле дека тој е целосно позитивен, а 28 делумно.
Договорот не го поддржуваат 34 проценти, а од нив 14 рекле дека е делумно, а 20 целосно негативен. Шест проценти од анкетираните воопшто не чуле за договорот, а осум проценти одбиле да одговорат.
Анкетата на ИРИ е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку ГфК Скопје. Податоците се собрани преку интервјуа лице в лице од 28 јуни до 15 јули 2018 година од страна на обучени професионалци. Примерокот се состои од 1.100 анкетирани, на возраст над 18 години, а стапката на одговор беше 69 проценти.
Истражувањето е спроведено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој.