Мнозинството виси, Брисел го поздрави политичкиот компромис за законот за јавно обвинителство

605

Во писмена реакција за МИА, Европската Комисија го поздрави компромисот помеѓу сите политички партии за законот за јавно обвинителство.

– Европската Комисија е запознаена со остварениот напредок во преговорите за законот за јавно обвинителство во текот на овој викенд и го поздравува тоа што политичарите, во дух на компромис, го ставаат националните интерес над сѐ, стои во реакцијата на Европската Комисија.

Европската Комисија потсетува дека носењето на овој закон е „важен сигнал“ за патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Законот за јавно обвинителство, иако не е формален услов, според сите дипломати и претставници на Европската Комисија, е клучен фактор за олеснувањето на одлуката за почеток на преговори што треба да ја донесат земјите членки кон крајот на март.

Доколку законот не се донесе поголем е ризикот една или повеќе земји членки да го искористат како изговор за нова блокада за почетокот на преговори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...