Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 36 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има од петок. Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи.