Многу прашања од Кацарска за Вељановски: Дали како претседавач барем со нешто сте запознаени од 27 април?

На крај Кацарска заврши со прашањето: „Значи ли дека на 27 април единствено за што се грижете вие е да не дозволи вашето обезбедување некој да седне на вашето место со оглед дека имате таква порака?

2046

Судијката Добрила Кацарска имаше најмногу прашања за собранискиот прртседавач Трајко Вељаноски кој денеска дојде во судот да сведочи по предлог на неговото обезбедување Горан Ѓошевски Леви, кој беше началник на неговото лично обезбедување.

Вељаноски во неколку наврати на директни прашања, сакаше да даде опширен одговор, но судијката му рече да одговара директно на тоа што таа прашува. На начинот на кој беше испрашуван поранешниот собраниски спикер, во изјава за медиумите реагираше адвокатката на Леви, Ружица Николовска.

– Во колку започна вашата комуникација со Леви на 27 април? – започна Кацарска.

Откако Вељаноски кажа дека точната содржина на пораките не ја знае, но комуникацијата била во врска со тоа да го извести по внатрешното обезбедување за атмосферата, судијката продолжи.

– Зошто десетитина минути пред да се испее албанската химна во 17.48 часот му пишувате порака „бидете на штрек”?

Тој објасни дека атмосферата била зовриена, дека не било како вообичаено кога седниците траеле до 18 часот, а пратениците почнуваат да ја напуштаат салата уште по 17 часот.

Кацарска го праша уште за една порака велејќи му која е причината што непосредно пред пеењето на албанската химна во 17.49 часот Ѓошевски му пишува „сите знаат и од МВР”.

– Што тоа знаат и кои се тоа сите? – праша судијката, а Вељановски одговори дека веројатно Леви мислел на внатрешното и надворешното обезбедување и на началниците.

– Дали во вашиот кабинет влегоа демонстранти? – праша Кацарска, а тој одговори „да”, па таа праша и дали меѓу нив имало и такви со маски. Тој негираше.

– Дали знаевте дека се движат луѓе со фантомки низ Собрание? – продолжи Кацарска, а тој повторно негираше на што таа праша дали тој на 27 април бил претседавач во Собранието и дали обезбедувањето го известило дека има луѓе со маски? Тој рече: „Не“.

– Дали знаете дека истиот тој Горан Ѓошевски го покажуваше патот на дел од демонстрантире, а меѓу нив и луѓе со маски? – праша Кацарска, а Вељаноски повторно одговори со негација.

– Дали некој ве информираше дека истото тоа обезбедување со својата картичка сака да ја отвори врата на демонстрантите, вратата која води кон прес салата? – праша Кацарска.

И на ова Вељаноски одговори со „не”, по што следуваше Кацарска со прашањето: Дали како претседавач на Собранието на Република Македонија сте барем со нешто запознати во врска со настаните од 27 април?

– Кажав како течеше целиот настан од сабајле до вечерта – возврати Вељаноски.

Потоа судијката го праша и за други пораки разменети со Леви меѓу кои и таа во 15.30 часот во која Леви му вели дека Душко е запознаен за мерките. На тоа Вељаноски објасни дека станува збор за мерки за рафтови и полици кои требало да ги прави во куќата во село.

– На 27 април при таква ситуација како што велите, зовриена, Вие зборувавте за рафтови за мерки за полици во село? Вие сте претседавач на Собранието на Република Македонија – рече Кацарска.

Таа му посочуваше и други пораки, меѓу кои и со Крсто Мукоски.

– Дали можеби комуникацијата на 28 април се однесуваше за некоја камера над вратата, таа многу актуелната? – праша Кацарска која набргу повторно се врати на прашања за Леви велејќи му на Вељаноски дали знае дека неговото обезбедување има некаква врска со влегување во мониторинг салата на двајца вработени во МВР.

– Немам такви сознанија – рече Вељаноски.

Се сеќавате ли, праша судијката, дали на 9.5.2017 му испративте порака на Леви во која пренесувате што Митко Чавков му кажал за некои луѓе од ДБК што влегле да земат снимки од мониторинг собата, а потоа му ги цитираше и содржините на пораките, па го праша дали повторно тврди не знаел ништо за влегување во мониторинг собата во Собрание.

Во испрашувањето судијката прашуваше и дали знаел дека во сала 3 (прес сала) се тепаат пратеници, а во просториите на Собранието се напаѓани дури и новинари.

– Имаше после на телевизија – одговори Вељановски.

– Дали знаевте тогаш ве прашувам. Што преземавте како претседавач? – возврати Кацарска.

Вељаноски рече дека тој води грижа за седниците и почитување на деловникот, а за обезбедувањето е надлежно МВР и ако некој им се меша може само да ја отежни работата. Тие си имаат свои тимови, рече тој, кои најдобро може да одговорат во превенцијата.

– Сакате да кажете дека барем телефонски не се јавивте никаде? Кај министер, директор на БЈБ… барем нешто да направите за вашите колеги? – возврсти судијката, а тој повторно одговори дека за тоа е надлежно обезбедувањето.

На крај Кацарска заврши со прашањето: „Значи ли дека на 27 април единствено за што се грижете вие е да не дозволи вашето обезбедување некој да седне на вашето место со оглед дека имате таква порака?

Вељановски рече дека мислел на местото за собранискиот спикер во пленарната сала, а не на кабинетот и оти и порано имало такви случаи.

Тоа место, рече Вељаноски, е симбол на институцијата Собрание, не може кој како сака да седнува таму, во спротивно ќе се создаде погрешна слика за Собранието.

Вељаноски за сведок беше предложен од Леви за кого тој имаше само пофални зборови. Рече дека Леви е професионалец, од почетокот на неговата функција како претседател на Собранието овој обвинет бил задолжен за неговото обезбедување и ако денес треба пак да избира, повторно би го избрал Леви да му биде шеф на обезбедување.

На 27 април рече дека првата комуникација со него ја имал околу 11.30-12 часот за некоја работа што требало да се заврши кај Вељаноски дома, а потоа контактирале дури попладнето. Вељаноски го контактирал и за да го извести внатрешното обезбедување за атмосферата во салата. Кога демонстрантите веќе биле влезени, Леви го прашал и дали сака да го евакуираат, а тој одговорил дека ќе остане до крај додека не се расчисти состојбата и не бидат сите евакуирани.

Повеќе од денешното сведочење на Трајко Вељаноски за 27 април прочитајте на линковите подолу:

Вељаноски: Мукоски придонесе да се вжешти атмосферата, а Зекирија не можев да го исклучам кога пееше

Вељаноски: Ниту сум помислил ниту сум кажал на некој да ги отвори вратите

Адвокатката на Леви: Испитувањето на Вељаноски од Кацарска е надвор од законот

Вељаноски до Нинџа: Не знам уште за кој до крај на судењето ќе ми натоварите дека сум му се јавувал, прекинете со лицитирање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...