Многу ли болеше кога на Македонија од напред ѝ „ставија“ и Северна?!

2964

Со промената на името. И оние кои демек не можат толку лесно да се соочат – и демек треба цивилизациско-еволутивен процес тие „потресени патриотчиња“ што не можат да го прифатат ФАКТОТ дека нашата држава – сега и за секогаш („и за внатре и за надвор“) се вика Северна Македонија!

Односно, вистината е уште полоша, што не разбираат дека државата во која до сега живееле немала име (!) туку имала само преивремена референца (т.н. ФИРОМ), а по Преспанскиот Договор конечно имаме име по кое стануваме, мошне брзо препознатливи во светот… Серверна Македонија годинава ќе стане член на НАТО, а од цела деценија стоење на последно место во редот – сега, одеднаш, сме пример посочен од ЕУ како позитивна и успешна „приказна“ за тоа како брзо да се дојде и да се мине низ преговорите за чпенство во ЕУ!

Мене лично, многу интимно ме боли што имаме изгубивме 30 години во ветер и станавме „изгубена транзициона генерација“ и како никој тогаш не се сети да му „шепне“, да го потсети првиот „претседател Глигоров – наместо инфатилната лага – демек со ОН сѐ е средено – само ете треба да се почекаат 2 до 3 месеци. А зошто треба да се почека никој не смееше да праша ниту некој смееше да каже.

Значи, очигледно е дека целата работа (со спорот околу името со Грција – многу полесно, можела да се реши во рамките на ОН и тоа уште тие 93, 94, 95 години – да имало одговорен политичар на кого (како секому што бил запознаен со спорот меѓу Грција и Македонија, како дел од СФРЈ, морало да му биде приоритет ова решение.

Јасно е дека тогаш уште полесно можел да се реши „спорот“ оти во суштина само две работи биле спорни – името под кое новата држава ќе биде регистрирана во ОН и потоа, една по една, редум во сите друфи светски организации, како и секоја држава билатерално, држава настаната од република при распад на СФРЈ – која неоспорно си има свој идентитет кој е словенски со битна наша словенска историја, за која сѐ би дале другите словенски народи/држави, но ја немаат, држава во која е коренот на сите други словенски народи – со словенско писмо, култура, сѐ!

И – види шизофренија и лудило! Тоа што е наше и на што другите ни „завидуваат“, ние не го сакаме, ние го фрламе на буниште и сакаме да докажеме дека „пигвини живеат во Руанда!“

Сакаат да се Букефал, а не браќата Кирил и Методиј кои им дале „светло при очи“, ги описмениле сите Словени и го убедиле папата, преку децениска теолошка расправа старо-словенскиот јазик да го озваничи како четврт јазик на кој може да се проповеда и да се дискутира за Библијата…

Ама ете на некои 200.000, 300.000 илјади им е поинтересно, и ако докази нема ама баш никакви, дека тие се директни антички потомци (а да, тие и Хунзите) – и мислам не дека некои факти ги убедиле да мислат така – оти да се дојде до „факт“ треба многу читање историски книги, компарирање на разни извори за сериозно да се дискутира на некоја од темите, треба да имате прочитано еден фонд книги и тоа со стручно-историска тематика, во бројка споредбено на фонд на една библиотека како „Браќа Миладиновци“ (е сега оти голем дел од нив немаат ни влезено во библиотека, освен – ако не биле дел од оние на кои им беше наредено да влезат во „Б. Миладиновци“ и на сите внатре да им ги „здробат коските“ – нивното информирање оди преку прераскажување „теории на заговор“ и „факти за малоумни“.

На пример, им се пласира информација дека во денешна Македонија има повеќе пронајдени „амфитеатри“ отколку во Грција! Значи, еве ни еден неоспорлив доказ дека лулката на античката цивилизација не е како што тврди целата светска наука и историја, туку тоа цел свет лаже – за инает контра Македонија.

Но! При тоа не им се кажува дека ниту еден амфитеатар во С. Македонија не е амфитеатар туку е арена, дека не се изградени во време на подемот на хеленизмот и антиката, туку тоа се римски арени кои се граделе на места каде биле стационирани римски гарниозони и исклучиво служеле за гладијаторски борби. Значи ниту се антички, ниту пак имаат било каква допирна точка со античката култура и цивилизација.

Дигресија. Но! Чудно бира толпата – тие би избрале да се (и ако не се) потомци на Александар Велики и на Филип Варваринот, отколку наследници на описменувачите на без малку една третина од светот!

Да се вратиме уште за кратко во годините на признавање и создавање на оваа денешна Северна Македонија. (Период 1992-1995).

Мој став е: дури Грците и да не барале промена на името – јас, како Македонец со словенско потекло, би инсистирал на тоа! На промена на името!

Оти ние не сме стебло на тој корен (на античкиот корен!).

Едноставно, ние самите, сме требале да инсистираме и географски и идентитетски, да се направи јасно, видливо подвојување (при очигледната огромна разлика) на она, што е „демек нивно“, и она што е „демек наше“. И тогаш во таа 1993/95 да го сториме тоа, што сега, по три децении, го направивме преку Преспанскиот договор!

А всушност, сето тоа јас и тогаш и сега (и било кој сличен спор), го подразбирам – како безгранична космополитска, заедничка, историја „сепланетарна историја“, единство и идентитет – не засебни од други, туку заеднички идентитети и цивилизациски придобивки на сите – на сите нас што сме исто – исто луѓе!

п.с.

И како врв на сите гомненици – сега се пласира некаква социолошка теза, дека демек не е едноставно некои луѓе да ја прифатат промената на името на државата и, демек, шокот кој го доживуваат е „неподнослив“ (збунети се, не им е јасно, не им е јасно). Ма, јас велам – глупост!

Убеден сум дека 99% од нив (од тие кои се во тешка депресија поради промена на името) во мигот, се чувствуваат како девојчици кои – ете така си решиле до полнолетство да не изгубат невиност. И така, ама целосно без врска „страшно“ се фрустрираат: прво себе – а и дечкото (ако е искрена љубовта меѓу момче и девојка) кој како „запален мајмун“ чека на нејзиниот роденден – и на крај, кога ќе се случи чинот – реакцијата е „Која гуска сум била – ова требаше да се стори со првиот“.

Со првиот претседател требаше да се смени името 1993-95 година!

Вака фрустрациите сами си ги создадовме! И сега сркаме – врело!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...