Младиот фудбалер на Локомотив Москва, Алексеј Ломакин (18), пронајден е мртов, а деталите за трагедијата сè уште не се познати – соопштија од рускиот клуб.
– Ние сме шокирани од трагедијата, чии детали се испитуваат. Сочувство за неговото семејство и пријателите – се вели во соопштението на московскиот тим.
Русинот исчезнал во петокот, а неговата мајка го пријавила исчезнувањето во полиција. Тој се упатил кон тренинг-кампот на Локомотив, и оттогаш му се губи секаква трага. Ломакин бил на третман за повредата што ја добил во ноември.
Оваа сезона тој дебитираше за првиот тим, а со младинската екипа учествуваше и во Лигата на шампионите.