Полицијата на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград уапсила 24-годишен Турчин бидејќи со монитор гаѓал жена на шалтер. По ова, тој скршил уште два монитори.
Претходно му било забрането да се качи во авионот поради неисправен билет.
Одредено му е задржување до 48 часа поради кривично дело уништување и оштетување на туѓи работи, предизвикување паника и неред.