Петнаесетгодишен мотоциклист е тешко повреден, а неговиот сопатник и врсник е полесно повреден вчера во сообраќајка на крстосницата од улиците Илија Николовски Луј и Глигор Прличев во Битола.
Полицијата соопшти дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл„ Роад Бајк БД 125-5“ без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.
Во незгодата со тешко е повреден мотоциклистот, додека негивиот сопатник е полесно повреден. Двете момчиња се пренесени во Клиничката болница во Битола.