Младите ракометари поразени во борбата за бронзата на ЕХФ шампионатот

113

Македонските ракометари до 18 години загубија во дуелот за третото место од Швајцарија со 35-31 (16-16) на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Грузија.

Дуелот беше доста изедначен и на пет минути пред крајот резултатот на семафорот гласеше 28-28. Швајцарците постигнаа неколку брзи гола, а највисока предност Швајцарија имаше во последните минути, при резултат 35:30.

Серафимов постигна седум гола за нашиот тим, а Костески го следеше со шест.

„Црвено-жолтите“ го совладаа денешниот противник во групната фаза, но Швајцарците кога требаше успеаја да ни се реваншираат и да го освојат третото место. Шансите за влез во „А“ дивизијата, сепак беа загубени со вчерашниот пораз од Белорусија.

Фото: РФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...