Младиот херој на Тајланд е бегалец од Мјанмар

Адун говори четири странски јазици, а неговото познавање на англискиот било клучно при операцијата за спасување.

365

Британските нуркачи, кои ги пронајдоа 12-те момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера Там Луанг, имаа помош од едно од момчињата Адун Сам-Он, чие познавање на англискиот јазик било клучно во текот на комплицираната операција за спасување.

Неговата учителка Кру Најс изјави дека 14-годишниот Сам-Он отсекогаш бил лидер и покрај тоа што не живее со родителите и официјално нема дом.

– Тој е чудо од дете и многу сум среќна дека е безбеден – истакна таа.

Адун е бегалец од Мјанмар, кого родителите пред осум години го испратиле на Тајланд за да ги избегне етничките судири во неговата земја.

Тој е еден од многуте ученици на Тајланд, за кои се вели дека се без татковина. Тој не е државјани на ниту една земја, а на Тајланд станал одличен ученик и спортист.

Адун говори четири странски јазици, а неговото познавање на англискиот било клучно при операцијата за спасување.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...