Младиот Стефан првпат отиде на море и се удави во Грција

8855
ФОТО: Инстаграм / Курир.рс

Деветнаесетгодишниот Стефан, син на српскиот пејач Раде Пантиќ, се удавил на 24 август на плажата Олимпик бич во Грција.

– Не знаеше да плива и тоа му беше прво одење на море. Тој ден, пред да си дојде дома, испил лимонада и и рекол на својата братучетка: „Ќе отидам да се покапам уште малку, па одиме“. Го немало некое време, а потоа брачен пар го видел и син ми бил извлечен, но му немало спас – кажал таткото, пренесува „Курир.рс“.

Стефан не пиел и не пушел цигари.

– Денот кога требаше да заминат на море, Стефан брзаше со џипот за да стигне до рампата, каде требаше да влезе во автобусот за Грција. Моравме да викнеме мајстор за да ја отвори заглавената врата на автомобилот бидејќи не можеше да ги извади своите работи. Тоа беше последен пат кога го видовме жив и јас и мојата сопруга. Сега сме на инјекции за смирување – кажал таткото.

ФОТО: Инстаграм / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...