Млада се омажи за старец, го отру и му ги зеде парите. Ова е новиот спот на раперката Иги Азелиа од Австралија за песната „Started“. Видеото беше објавено вчера, а веќе има над пет ипол милиони прегледи.
– Ако твоето име е во неговиот тестамент и си го сакаш својот леб, „повикај 1-833-и тој е мртов“ – се пее во музичкото видео.
Минатата година Иги Азелиа призна дека била блиску до одлука да се откаже од музиката, откако нејзината кариера дочека лоши денови.
Но во март месец оваа година, новата песна на раперката, „Sally Walker“, за прв пат се најде во првите пет на американската iTunes листа по 2014 година, кога се најде на истата позиција со песната „Black Widow“.
Таа година, раперката стана една од најпознатите музички ѕвезди во светот, а во тоа помогнаа и хитовите „Fancy“ и „Pretty Girls“.
Во март исто така излезе спотот за песната „Sally Walker“ и досега има околу 48.5 милиони прегледи.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб