Откако актерот Даниел Крег (51) потврди дека ќе го игра Џеjмс Бонд се дебатираше дали следниот агент 007 ќе биде жена или црномурест актер. „Дејли мејл“ дознал дека се во прашање двете.
Една од главните улоги ја доби Лашана Линч (31), која ќе биде агентката 007 додека пензионираниот Џејмс Бонд одмора на Јамајка.
– Бонд е сè уште Бонд, но како 007 е заменет со прекрасна жена. Бонд сексуално го привлекува новата агентка 007 и се обидува да ја заведе, но е збунет затоа што таа не реагира на неговите трикови, туку само ги превртува очите и не е заинтересирана за него. Барем не на почетокот – рекол извор од снимањето за странските медиуми.
„Во сцената на почетокот на филмот М вели „влези 007“ и тогаш влегува Лашана, ги открил изворот деталите.
Во новиот филм „девојките на Бонд“ се преименувани во „жените на Бонд“, а многу се зборувало за тоа дали Бонд сега е релевантен, особено поради неговиот пристап кон жените.
– Апсолутно е релевантен. Франшизата само требаше да „порасне“. Треба да се развива и важно е филмот да ги третира жените на достоен начин. Тој не мора. Тој треба да остане верен на својот карактер – рекол изворот.
FOTO: Instagram/Printskrin