МКФ пушти карти за Македонија и Романија по симболична цена од 100 денари

Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија, а натпреварот ќе започне во 18:15 часот.

85

Kошаркарската репрезентација на Македонија в недела ќе го одигра вториот натпревар во рамки на втората фаза од претквалификациите за ЕП 2021.

Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија, а натпреварот ќе започне во 18:15 часот.

Влезниците за овој натпревар се веќе пуштени во продажба и ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари. Билети ќе можат да се купат онлајн и на билетарата при СЦ „Борис Трајковски“ во недела од 14:00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...