МКФ го одложи купот поради трагедијата

67

Трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 15 лица, меѓу кои и кошаркар од клубот Гостивар е причината Македонската кошаркарска федерација да го одложи купот планиран да се игра претстојниот викенд во Гевгелија.

– Поради ново настанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

Датумот на одигрување ќе биде дополнително одреден.

Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите.

Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите – стои во соопштението на МКФ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...