МКД.мк: Кој ја мести техничката влада за 7 милиони евра за болницата во Штип?

1856

Завршувањето на градежните работи на клиничката болница во Штип ќе ја чинат државата дополнителни 7 милиони евра. Ова го бара изведувачот, грчката градежна компанија „Интракат“, со облазложение дека толку ќе чини машинското и електронското уредување на внaтрешноста на зградата поради надминување на претходно проектираните технологии. Но, што сѐ всушност се крие позади ова најново барање? Проектот требаше да чини 30 милиони евра, а сега наеднаш таа бројка станува 37 милиони евра, а можеби и повеќе.

Информациите на МКД.мк велат дека не случајно во овој период се случуваат и средбите на висок претставник на власта со еден од  главните менаџери на „Интракат“ Димитриос Кутрас, кој претходно беше директор на грчката компанија „Актор“, изведувач на автопатот Смоквица-Демир Капија.

И откако деновиве се соопшти официјалната одлука за дополнителни 7 милиони евра, се отвори прашањето зошто министерот за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев оваа зделка не ја завршиле со одлука на една од декемвриските владини седници? Зошто овој жежок костен се остави на техничката влада, заедно со опозицијата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...