МКД: Лила Филиповска била посредник во проектот за пензионерски домови на Боки 13 за хонорар од 250 илјади евра

1964

Во шемата на Бојан Јовановски-Боки 13 за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица за 250 илјади евра била измамена и градежната фирма „Дан-Мак“, пишува порталот МКД.

Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија во изјава за порталот тврди дека посредник во случајов била водителката Лила Филиповска.

„Таа пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска, која е заборавена во некоја обвинителска фиока. Нејасно е зошто овој случај не е дел од „Рекет“, вели Норнилд“, објави МКД.мк

Норнилд за поралот вели дека вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството.

„Сѐ почна кога како заштитно лице на мојот козметички салон „Мис Ен“ ја избрав токму Лила Филиповска. Тоа беше некаде во почетокот на 2017 година“, ја почнува својата приказна Ена Норнилд. Соработката си течела вообичаено, сѐ до летото 2017 година, кога Лила понудила „добра бизнис зделка“ за фирмата „Дан-Мак“,пишува МКД.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...