Не е тајна дека многу актери користеле сексуални услуги од проститутки. Сепак, една од нив одлучила да проговори за тоа што сè познатиот актер ѝ правел и кој тоа го плаќал 2.000 долари за една вечер.
Дивајн Браун се збогати и се тргна од улица затоа што полицијата ја фати додека му пружаше сексуални услуги на актерот Хју Грант.
– Сакаше да ме тепа, ме викаше Црвена вишна – рекла проститутката.
Дивајн неколку месеци се гледала со актерот. Кога избил скандалот успеала да заработи околу милион долари од интервјуа. Со тие пари платила школување за своите ќерки и отворила приватна фирма.
Најпознатата холивудска мада Хејли Флејс отворила јавна куќа во 1994 година. Кога во 1997 година беше уапсена, до медиумите протече листата на клиентите, а меѓу нив бил и Џони Деп.
Според нејзините зборови, тој доаѓал пијан и никогаш не сакал да биде двапати со иста девојка. Џек Николсон исто така доаѓал кај неа. Една од девојките открила дека Џек плаќал и по 2.000 долари за една ноќ, знаел да зборува со девојките, но понекогаш и да заплаче.
FOTO: Profimedia