Град Скопје постави детска едукативна просторна инсталација на тема „Во имагинарниот свет на децата“ во општина Ѓорче Петров.
– Идејата е освен да создадеме место каде што децата ќе поминуваат дел од своето слободно време, кај нив од мали нозе почнеме да креираме свест и совест за тоа како треба да изгледа една јавна површина, да се грижат самите за неа и да ги чуваат јавните простори во кои инвестираме и како Град и како општина од една страна. Меѓутоа, и одржувајќи го ова чисто да го креваме нивото и на еколошката свест кај сите – порача Шилегов.
Тој се надева дека ваквите инсталации ќе им овозможат на дечињата да поминуваат убави денови на отворено.
За реализација на оваа просторна едукативна инсталација од Буџетот на Град Скопје потрошени се вкупно 1,8 милиони денари со ДДВ.