Мијте раце, досега шеесет и еден заразен со жолтица, има и ученици од девет школи

Ако се утврди дека нема течен сапун, хартија и дезинфекциски средства се дава решение. Меѓутоа, генерално речиси во сите училишта нема забелешки од тој аспект. Едно прашање е дали има сапун, а друго прашање е дали децата мијат раце, затоа што ова е болест на нечисти раце. Може да има сто килограми сапун, а ако децата не мијат раце залудно е, додаде Сотирова Бухова. 

747

Шеесет и едно лице во Скопје се заразиле со жолтица во изминатите три месеци. Меѓу заразените има ученици од пет основни и четири средни училишта во градот. Изворот на заразата не се училиштата. Жолтицата не е високозаразна болест, како што се морбилите и поради тоа нема простор за паника со оглед на тоа што со редовно применување на правилата за лична хигиена се спречува ширењето на болеста, информираат за МИА од Министерството за здравство и апелираат на редовна хигиена.

За секој појавен случај во кое било училиште, посочуваат од Министерството, епидемиолошка екипа врши санитарно хигиенски и епидемиолошки увид и препорачува против епидемиски мерки за превенција од ширење на болеста во училиштето кои вклучуваат: детално континуирано механичко чистење на објектот, зајакната дезинфекција посебно на санитарните јазли од страна на училиштето, како и вонредна дезинфекција од Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Центарот за јавно здравје Скопје, обезбедување течен сапун за раце, течен дезинфициен за раце во санитарните јазли, честа едукација на учениците за одржување на личната хигиена (миење раце), правилно користење на бришачите за подовите од страна на хигиеничарките и посебни бришачи за санитарните јазли.

Од Министерството наведуваат дека во исто време ученици со какви било симптоми на болест се ослободуваат од настава за да се спречи ширење на заразата.

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова во врска со тоа дали извршиле надзор во училиштата за МИА изјави дека од аспект на хигиено-санитетски мерки утврдиле дека има сапун, течен сапун и хартија…

– Ако се утврди дека нема течен сапун, хартија и дезинфекциски средства се дава решение и правните субјекти постапуваат по тоа решение. Меѓутоа, генерално речиси во сите училишта нема забелешки од тој аспект. Едно прашање е дали има сапун, а друго прашање е дали децата мијат раце, затоа што ова е болест на нечисти раце. Може да има сто килограми сапун, а ако децата не мијат раце залудно е, додаде Сотирова Бухова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...