Мијалков e приведен вечерва во „Мериот“ и однесен во Шутка

4307

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков полицијата вечерва го спровела со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што го однела во истражниот затвор во Шутка, потврдуваат извори од Кривичниот суд.

На Мијалков му е одреден притвор од 30 дена, на барање на СЈО, за случајот „Таргет – Тврдина“ поради опасност од бегство, велат од Специјалното обвинителство за Плусинфо.

По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт откако екс премиерот Никола Груевски побегна и доби азил во Унгарија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...