Мијалков: Стојам на зборот дека нема да побегнам

808

Стојам на зборот дека нема да побегам, им рече Мијалков на апелациските судии од кои заедно со неговите адвокати побараа да му се укине притворот во случајот „Титаник 2“, каде тој доби затвор од три години.

– Би сакал да ја рефреширам меморијата дека под истата околност веќе предложија мерка притвор за мене, а овој суд не ја прифати и ми определи други мерки кои јас во изминатата година и пол ги почитував. Ќе потсетам на тие околности, мојот имот во странство, престојот во Чешка, наводните мои контакти, другите постапки против мене… Овие околности ги имаше и тогаш и сега. Тогаш пред овој суд дадов збор дека нема да помислам на бегство. Поминаа скоро две години такво нешто нема. Јас на тој збор и денес стојам – рече Мијалков.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...