Наводите на обвинителката Фатиме Фетаи дека се појавиле околности кои им наговестиле дека ќе се дадам во бегство без да се даде доказ можат да се сведат само на шпекулации, рече Сашо Мијаков приговарајќи на барањето на Фатиме Фетаи да му се определи притвор.
Тој денеска беше осуден на три години затвор за случајот „Титаник 2“ кој се однесува на договарањето гласови во ДИК за време на изборите за градоначалник во Струмица во 2013.
– Да направиме ретроспектива на изминатата година и пол, може да заклучиме дека со моето однесување не сум дал ниту една индиција дека ќе избегам. Со бегање проблемите не се решаваат. Стилот на моето живеење не е бегањето. Ако Апелација ја потврди пресудата јас ќе ја издржам казната – рече Мијалков.