Мијалков се повикал на амнестијата на Иванов, судот го одби

462

Кривичниот суд на рочиштето за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, му соопшти на адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски дека не го прифаќа приговорот со кој тие се повикаа на одлуката за помилување на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Судијката Џенета Бектовиќ, рече дека судот веќе го ценел обвинението во фаза оценка на обвинителен акт и ги одбил приговорите за прифаќање на помилувањето на адвокатите.

Специјалното јавно обвинителство побара да се спои постапката во предметот за масовното прислушување и за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Денеска СЈО ги изнесува воведните говори во предметот./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...