Мијалков останува во Шутка, советот проценил дека може да избега

508
Сашо Мијалков останува во притвор во затворот во Шуто Оризари, кој му е определен како осомничен во предметот Империја на СЈО.
Од Основниот суд Скопје 1 попладнево соопштија дека жалбата која тој ја поднесе до кривичниот совет при овој суд, а за која се расправаше на седница вчера, му е одбиена.
Советот ја одбил жалбата бидејќи сметал дека постоела опасност од бегство.
Мијалков првично заврши во Шутка како обвинет за Таргет-Тврдина, потоа тој притвор му беше укинат, а СЈО веднаш побара нов за случајот Империја.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...