Мијалков не беше спроведен од затвор на судење

1533

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков утрово не беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари до Кривичниот суд, каде е закажано рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушување.

– Поради краткиот временски период судот нема издадено навремено наредба за спроведување на обвинетиот од затворот и се одложува денешната расправа – рече судијката Џенета Бектовиќ.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 4 декември. Мијалков синоќа заврши во затвор откако судот токму за овој предмет му определи мерка притвор поради опасноста од бегство.

На рочиштето беа присутни останатите обвинети меѓу кои екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков додека тој беше на чело на тајната полиција, Тони Јакимовски и уште неколку вработени во УБК. Во овој предмет во отсуство им се суди и на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои избегаа и добија азил во Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...