Вечерва или најдоцна до утре, од притвор со одлука на судија од скопска единица ќе излезат Миле Јанaкиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот „Скопје”, информира „Слободен печат“.
Од весникот додаваат дека причинaта за ваквата одлука, барем официјално, е тајна. Се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата. Дел од роднините на притворените со кои контактирал весникот ја потврдиле веста и велат дека очекуваат повик кога да ги пречекаат најмилите пред затворот.