Мијалков и Јанкулоска немаа прашања за Верушевски

785

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и сите други обвинети и адвокати во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, денеска немаа прашања за Зоран Верушевски, кој на претходното рочиште имаше исказ во кој меѓудругото рече оти „бомбите“ доживеале модификации и контаминации.

За разлика од нив, обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов се пријавија да постават дополнителни прашања за да се разјасни фактичката состојба. На нивното барање се противеа адвокатите посочувајќи дека обвинителот може да поставува дополнителни прашања само во случај ако одбраната имала вкрстени прашања. Судот одлучи да го прифати предлогот на Ристоска, која во моментов го испрашува Верушевски. Во „Таргет-Тврдина“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...