Судот определи мерка притвор за Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими откако со првостепена пресуда ги прогласи за виновни во случајот „Титаник 2“. Тие од судот треба да бидат спроведени во притвор во затворот во Шуто Оризари.
Мијалков беше осуден на 3 години, а Ибраими на 4 години и 6 месеци.
За Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК судот определи еднаш неделно да се пријавуваат во судот.
Тачи доби затвор од три години и два месеци, а ексчленовите на ДИК Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев добија по три години затвор.
Затворската казна ќе се изврши откаки пресудата ќе стане правосилна, а тоа е кога Апелациониот суд во Скопје ќе се произнесе за жалбите кои извесно е дека ќе ги поднесе одбраната.
„Титаник 2“ се однесува на договарањето гласови во ДИК за приговори за Струмица на локалните избори во 2013.