Мијалков имал проблеми со желудникот и не дојде на судење за „Трезор“

864
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поради отсуство на бившиот шеф на УБК, Сашо Мијалков, се одложи денешното рочиште за случајот „Трезор“.

Причините се од здравствен карактер односно имал проблем со желудникот поради што повраќал, објасни одбраната со медициска документација.

Мијалков е првообвинет во случајот, а на обвинителна клупа се и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...