Сашо Мијалков во затворот Шутка е сместен во обична ќелија со други притворени лица кои не се поврзани со ниеден од предметите на СЈО.
„Обвинетото лице Сашо Мијалков не е сместен во хашките ќелии, како што ги нарекувате. Тој е сместен во ќелија на приземјето од затворот, со други осомничени лица“, изјавил за СДК директорот на затворот Шутка Ѓоко Котевски.
Хашката соба се наоѓа на горниот спрат и таму е сместен Орце Камчев кој е во притвор по барање на СЈО за предметот „Империја’.