Директорот на УБК, Сашо Мијалков, од истражниот затвор „Скопје“ треба да биде спроведен во Кривичниот суд во вторник кога е закажано судско рочиште за случајот „Титаник 2“ на СЈО, во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Во овој случај обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.