Поради аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре постапката против него во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.
На денешното рочиште за овој предмет, судот одлучи да ја раздвои постапката за екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а исто така во одвоена постапка ќе им се суди и на бегалците, екс функционери во Тајната полиција, Горан Грујевски и Никола Бошковски.